Знаменосците Дејан Георгиевски (таеквондо) и Арбреша Реџепи (џудо) го развиорија македонското знаме на Летните Олимписки игри во Токио, кои денеска беа отворени пред многу ограничен број на гледачи на трибините – ги имаше околу 1.000. бидејќи 32-те игри се одржуваат во пандемија на ковид-19.
Реџепи во последен миг попладнево доби дозвола од МОК и ИОК да се појави на церемонијата на отворање, со што таа стана првата Македонка која е знаменосец на Олимписки игри.
Македонскиот тим на оваа Олимпијада има осум спортисти и натпреварувачи, а прв во квалификациите во дисциплината 10 метри воздушен пиштол, и тоа утре изутрина, настапува Борјан Бранковски.

Во македонската експедиција се осум натпреварувачи:
Дејан Георгиевски ќе настапи во таеквондо – категоријата +80 килограми
Арбреша Реџепи – џудо категорија 52 килограми
Миа Блажевска Еминова – пливање, на трката на 100 метри
Филип Деркоски – пливање, 400 метри
Борјан Бранковски – спортско стрелаштво 10 метри
Јованоска Пулексенија – карате, кати
Стојоски Јован – атлетика, трка на 400 метри
Нуров Магомедгаджи – борење слободен стил, 97 килограми.
