Знаменосците Дејан Георгиевски (таеквондо) и Арбреша Реџепи (џудо) го развиорија македонското знаме на Летните Олимписки игри во Токио, кои денеска беа отворени пред многу ограничен број на гледачи на трибините – ги имаше околу 1.000. бидејќи 32-те  игри се одржуваат во пандемија на ковид-19.

Македонската делегација се појави како 51-ва на отворањето на Игрите во Јапонија.

Реџепи во последен миг попладнево доби дозвола од МОК и ИОК да се појави на церемонијата на отворање, со што таа стана првата Македонка која е знаменосец на Олимписки игри.

Македонскиот тим на оваа Олимпијада има осум спортисти и натпреварувачи, а прв во квалификациите во дисциплината 10 метри воздушен пиштол, и тоа утре изутрина, настапува Борјан Бранковски.

FOTO Derbi.mk

 

Во македонската експедиција се осум натпреварувачи:

Дејан Георгиевски ќе настапи во таеквондо – категоријата +80 килограми

Арбреша Реџепи – џудо категорија 52 килограми

Миа Блажевска Еминова – пливање, на трката на 100 метри

Филип Деркоски – пливање, 400 метри

Борјан Бранковски – спортско стрелаштво 10 метри

Јованоска Пулексенија – карате, кати

Стојоски Јован – атлетика, трка на 400 метри

Нуров Магомедгаджи – борење слободен стил, 97 килограми.

FOTO Derbi.mk