По освојувањето на седмиот Вимблдон и 21. Грен слем титула, Новак Ѓоковиќ пристигна во Белград, а по величествениот пречек од над 10.000 фанови, дојде време да се опуштиме со песна и вино.
Видно расположениот Новак во друштво на своите најблиски пријатели уживаше во песните кои ги изведуваше Саша Ковачевиќ во ресторанот, а неколку пати и пееше заедно со него.