Од вулканот Килауеа на Хаваите почна да излегува син пламен, што, според научниците, е резулатат на ослободување на метан од кратерот, од кој и натаму излегува лава.
Научници од Американскиот геолошки институт наведуваат дека метанот може да предизвика експлозија, доколку се запали додека се уште се наоѓа под земјата.
Тие додаваат дека сините пламени јазици од метанот може да достигнат висина и до неколку метри.
Вулканот Килауеа еруптираше пред десетина дена и уништи десетици објеки на Големиот остров. Повеќе од 10.000 граѓани се евакуирани а ерупцијата не се смирува.
Килауеа е еден од најактивните вулкани во светот, а првата ерупција се случи на почетокот од мај. Научниците велат дека не можат да предвидат колку ќе трае сегашната ерупција.
https://www.youtube.com/watch?v=tl6e-ojvVJw




