Најмалку три лица се ранети во престрелка пред седиштето на американската Националната агенција за безбедност НСА во Форт Мид, во сојузната држава мериленд, во непосредна близина на Вашингтон ДЦ.

Според американски медиуми, уапсено едно лице.  Агенцијата соопшти дека ситуацијата е под контрола.

Инцидентот се случил на самиот влез за возила. Видео снимките покажуваат црно СУВ возило кое удрило во бетонската ограда. Засега нема други детали.