Обилните дождови што го синоќа и денеска го зафатија Истанбул предизвикаа вистински потоп во градот.
Поројните врнежи ги поплавија патиштата и многу квартови од градот, а посебно загрозени се Ускудар, Малтепе, Картал, и Пендик, каде има поплавени куќи, канцеларии и возила.
Телевизиите емитуваат снимки на луѓе кои пловат или се обидуваат да минат преку водите што течат како реки. По улиците во двата дела од градот неконтролирано пловат и автомобили.
Сообраќајот е блокиран, а на мостовите над Босфор се формирани долги колони од возила. Многу луѓе не можат да дојдат до своите работни места. На автопатот Е-5 има поплавени делниции, а дува и силен ветар.
Привремено за сообраќај е затворен евроазискиот тунел.
Од Службата за природни катастрофи на Истанбул предупредуваат дека постои ризик од поплави и бура.
Според синоптичарите, поројните врнежи се очекува да траат во текот на целиот денешен ден, со поголема јачина во пладневните и попладневните часови. Можно е до вчера да навнат до 100 литри дожд на метар квадратен, што е многу сериозно предупредување.
Засега нема информации за настрадани луѓе.
Во Истанбул за еден час наврнале 50 литри дожд на еден метар квадратен.




