Петгодишната Џулија е новиот херој на Пескара дел Тронто, откако по десетици часа од разорниот земјотрес што ја погоди Централна Италија е извлечена жива и здрава од под урнатините.
Девојчето било лоцирано од страна на кучињата трагачи кои им помагаат на спаувачките тимови да ги лоцираат евентуалните преживеани, но и да ги пронајдат телата на загинатите.
Добрата вест ја соопшти градоначалникот на Асколи Пичено Гвидо Кастели.
Џулија е второт дете кое по десетици часа од земјотресот е извлечено живо. Вчера тоа беше десетгодишно девојче.
Досега според спасувачката служба загинале над 250 луѓе, од кои 200 се досега извлечени од под урнатините, додека бројот на повредени е над 350.
Италијанскиот премиер Матео Ренци најави дека денеска ќе биде прогласена вонредна состојба.
По вчерашниот земјотрес во областа се регистрирани уште 470 потреси, а само во текот на ноќта 100.




