https://www.youtube.com/watch?v=deoba_CQgt4
Американските власти наредија итна и задолжителна евакуација на 188.000 жители кои живеат долж браната Ороил во Калифорнија кај која се констатирани оштеувања и постои можност од нејзино пукање. Калифонискиот Завод за водни ресурси во неделата на Твитер објави дека се предвидува можност за попуштање во следните неколку часа. Но подоцна е востановено дека оштетувањата не се толку сериозни.
Инженерите уште во четвртокот почнаа со испуштање на водата од акумулациското езеро долж браната. Дупката која настанала со текот на времето толку се проширила што властите очекуваат и скоро уривање иако уште пред два дена утврдија дека во моментов нема таква опасност.
Меѓутоа, наредбата за евакуација на населениот во областа недалеку од езерото Оровил и натаму е на сила.
Нивото на водата во вештачкото езеро практично дошло до врвот на браната, а пораснало поради обилните дождови кои уследија по тешката суша во Калифорнија.
Гувернерот Џери Браун поради поплавите и лизгањето на земјиштето во оваа сојузна држава прогласи вонредна состојба и побара да се прогласи елементарна непогода.




