Микрофонот не беше во моите раце. Јас ја пеев мојата омилена песна „Постела рози“, а тие пееја вулгарно. Точно дека не е пријатна содржината и е вулгарна и предизвикува непријатно чувство и ми е жал што оваа нивна веселба излезе таква. Но пазете, имаат причина. Едниот од нив штом дошол после мене градоначалникот го избркал од работа со жена и дете. Жена му во пандемијата изгубила работа, а јас не можев да им помогнам. И другите што пеат исто ги снашло, гневни се. Се изинувам, но потенцирам, забавата беше приватна, не официјална, објаснуваше Јакимовски.
Новиот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, синоќа преку своето видео обраќање на Фејсбук објаснуваше дека тој не ја пеел вулгарната песна во неделата вечер во кафуле во Скопје кога била прославувана победата на локалните избори.
– Тоа беше приватна забава, значи не официјална за мојата победа и не ја организирав јас туку млади дечки кои ја славеа мојата победа. Микрофонот не беше во моите раце. Јас ја пеев мојата омилена песна „Постела рози“, а тие пееја вулгарно. Точно дека не е пријатна содржината и е вулгарна и предизвикува непријатно чувство и ми е жал што оваа нивна веселба излезе таква. Но пазете, имаат причина. Едниот од нив штом дошол после мене градоначалникот го избркал од работа со жена и дете. Жена му во пандемијата изгубила работа, а јас не можев да им помогнам. И другите што пеат исто ги снашло, гневни се. Се изинувам, но потенцирам, забавата беше приватна, не официјална, објаснуваше Јакимовски.
Снимката од забавата објавена на социјалните мрежи на која Јакимовски танцува со група момчиња и девојки револтираше многумина поради вулгарните зборови кои беа испеани.
Не може нам нико ништа changed to куку леле literally pic.twitter.com/GaCY54dDCJ
— Јепир (@jepirovski) November 1, 2021