Во саботата полицијата во Кливленд во Охајо пукаше и уби 12 годишно дете кое си играло со пиштол имитација на вистински пиштол. Полицијата пукала во него само неколку секунди откако стасала на местото на настанот.
Ова видео кое трае 8 минути јасно покажува како се одвивал настанот.
На видеото се гледа како Тамир Рајс го усмерува пиштолот кон еден минувач, потоа го врти околку прстот како во филм и го става на појасот додека чекори по тротоарот. Потоа кратко разговара на својот телефон и прави топка од снег.
За тоа време еден сведок и се јавува на полицијата велејќи дека има “тип со пиштол”. Тој додава дека пиштолот е најверојатно лажен и прецизира дека се работи за младо дете. За жал, операторот кој разговара со сведокот не им ги пренесува овие последни информации на полицајците кои се на местото на настанот.
Потоа се гледа како доаѓа кола на полицијата а момчето тргнува кон колата без пиштолот во рака. Во тој момент полицијата пука во него го убива.
Смртта на Тамир Рајс, кој е Црнец, убиен од бел полицаец, се случи во саботата додека во Фергусот во Мисури продолжуваат немирите поради ослободувањето на полицаецто кој е одговорен за смртта на друг млад Црнец на почетокот на август.




