Сајтот Vice News објави пред два дена видео кое го покажува аматеризмот и недостигот на подготовка на борците на терористичката организација Исламска држава (ИД). Снимките се направени со камера ГоПро на еден од припадниците на ИС пред да загине за време на еден напад на позициите на ирачките Курди на северот на Ирак во март годинава.
Цел на видеото е да покаже дека реалноста на теренот нема никаква врска со пропагандата на ИД. На снимките се гледа како овие луѓе се неорганизирани. Ги напаѓаат курдските позиции од лошо заштитен и обезбеден камион и камионот не успева да ги одбрани од ракетите на курдските сили па борците на ИД загинуваат еден по еден.
Ова видео е порака за сите радикализирани млади од западните земји кои сонуваат да одат во Сирија и да се борат за ИД.




