„Сето ова е само привремено. Пак ќе биде добро. Ќе имаме нов Советски Сојуз, голем и силен. Повторно ќе има мир. Никој нема да замине“ – изјави Шојгу во првиот јавен настап од почетокот на војната со Украина, а кое јавно обраќање на Твитер го објави украинскиот дипломат Олександр Шерба.

„До оние кои мислат дека сето ова се случува затоа што НАТО отишол предалеку – слушате ли – твитна Шерба споделувајќи го видеото од обраќањето на Шојгу на Твитер. Украина претходно соопшти дека неиспровоцираниот конфликт е обид за повторно освојување на земјата која беше ослободена од власта на Москва со распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година.

Шокантната изјава на Шојгу доаѓа кога судбината на втората по големина електрана во Украина висеше на конец во средата, откако силите поддржани од Русија тврдеа дека ја зазеле недопрена, но Киев не го потврди нејзиното заземање, велејќи само дека борбите се во тек.