Видеото во кое е прикажано како девојка ја одбива  понудата за брак на нејзиниото  “момче” пред минувачите на различни локации, стана хит на интернет и  само за еден ден собра повеќе од 300.000 гледања.

Во него може да се види момчето клекнува пред  девојката, и секој пат кога тој клекнува ,  минувачите  се фаќаат за мобилните телефони за да го снимаат романтичниот момент, некои почнуваат и да аплаудира со ентузијазам.

Но, радоста се претвора во вистинска непријатност кога девојката го отфрла момчето и бега од брачната понуда.

Реакцијата на минувачите е бесценета .