Светот е во шок, тага и неверување по трагичната вест за смртта на Коби Брајант. Планетата ја обиколуваат фотографии од место на настанот, светските познатите личности се простуваат од легендарниот кошаркар преку социјалните мрежи, а од Израел стигнува емотивно видео.
Дерби мечот меѓу израелски вечни ривали Макаби и Хапоел беше прекинат при добивање на веста за смртта на еден од најголемите кошаркари во историјата. Солзи меѓу кошаркарите на теренот, но и меѓу гледачите на трибините кои упатија громогласен аплуаз за ѕвездата на Л.А. Лејкерс по што цела сала почна да го сканира неговото име.
Kobe Bryant Memorial at the Tel Aviv Derby between Maccabi & Hapoel. pic.twitter.com/1bo4cxZcFG
— Sports Rabbi (@thesportsrabbi) January 26, 2020
Амар Стадемаер, кошаркар со завиден стаж во НБА лигата, а сега член на Макаби, не можеше да собере мисли по мечот. „Не знам што да кажам. Едноставно не верувам, не сакам да поверувам. Оваа вест ми е неверојатна“