Незадоволните опозициски пратеници од радикалното движење „Самоопределени“со јајца го гаѓале премиерот на Косово, Иса Мустафа во Собранието.
Мустафа за време на својот говор го претставувал постигнатиот договор во Брисел помеѓу Србија и Косово, по што пратениците фрлале јајца кон говорницата, а набргу интервенирало обезбедувањето и не дошло до некој посериозен инцидент.
ПРетседателот на Собранието, Кадри Весењи почнал да вика „Ова е срамота“, а „Самоопределени“ своето делување го правдале викајќи дека е со цел да се запрат лагите на премиерот преку кои ги манипулирал граѓаните.
Тие велат, Иса Мустафа граѓаните ги сметал за неписмени.
„Самоопределени“ сметаат дека косовскио премиер изразил “непочитување“ на Собранието на истиот начин на кој договорот во Брисел претставувал рушење на Косово.




