Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Ковачевски за Мицкоски: Најлошо е кога човек со лага сака да покрие друга лага, мнозинството ќе биде уште поголемо

0
By Marta Pesevska on January 20, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Најлошо е кога човек со лага сака да покрие друга лага, а ова му е трета лага на Мицкоски, и сакам да му порачам не само што нема 61 пратеник, не само што пратениците се слободни да одлучуваат така како што сметаат туку да му порачам дека парламентарното мнозинство ќе биде поголемо од тоа што е денес, рече денеска во одговор на новинарско прашање претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски, за време на неговите работни активности во Курбиново, ресенско.

 

„Најлошо е кога човек со лага сака да покрие друга лага а ова му е трета лага на Мицкоски. До пред една година шеташе по собранието на државата велејќи дека има 61 пратеник за да ја сруши Владата, па потоа го видовме на клиника. Потоа пред Нова година кажа дека има 61 пратеник за да ја сруши владата, за да сега каже дека полукриминални. Јас не знам каков е тој израз бидејќи има или криминални или чесни структури. Во СДСМ има чесни структури, сите пратеници на СДСМ се членови по функција на ЦО и нивниот глас вреди исто колку што вреди и на претседателот на партијата и на сите други и секој од нив го кажува своето мислење. А сите одлуки кои досега се носени во СДСМ се носени едногласно. СДСМ, претседателот на партијата т.е јас или кој било друг претседател претходно ниту им барал меници на пратеници, ниту им барал изјави заверени на Нотар како што тоа го бара Мицкоски. Се со цел да може да ги држи во заложништво исто како што тој е во заложништво на Апасиев. Пратениците се тука со мене, јас денес ќе одам на слава кај координаторот на пратеничката група и сакам на сите наши сограѓани кои го слават Св.Јован кои што имаат имиња, да им го честитам овој голем празник. И да му порачам на господинот Мицкоски не само што нема 61 пратеник, не само што пратениците се слободни да одлучуваат така како што сметаат согласно добиените мандати и согласно својата политичка позиција во политичката партија, туку да му порачам дека парламентарното мнозинство ќе биде поголемо од тоа што е денес.“ рече претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски.

Димитар Ковачевски парламентарно мнозинство СДСМ Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.