Најмалку шест лица, меѓу кои и деца, се убиени во пукање што се случи утрово во училиштето 88 во Ижевск во Русија. Според првичните информации, напаѓачот извршил самоубиство.

Министерството за внатрешни работи на Русија го потврди нападот и убиствата на шест лица.

„Убиени се шест лица, а повредени се 20“, соопшти руското МВР.

Гувернерот на Република Удмуртија, Александар Бречалов потврди дека во нападот е убиено лице од обезбедувањето во училиштето 88, како и деца меѓу останатите жртви.

„Маж упаднал во училиштето, го убил вработениот за обезбедување. Меѓу убиените има и деца“, рече Бречалов.