Лука Максимовиќ, алијас Љубиша Прелетачевиќ Бели, е кандидат на претседателските избори во Србија кои се одржуваат утре, на 2 април. Кандидатот е несекојдневен а кандидатурата започна со шега.
Но, гласачите не се шегуваат и анкетите велат дека Бели ќе освои меѓу 5 и 11 отсто од гласовите.