Маратонците, кои го трчаат и годинешниот ултрамаратон во должина од 900 километри во чест и сеќавање на македонската и балканската музичка ѕвезда Тоше Проески, вчера тргнаа од Нова Градишка, каде што загина Проески, а треба да стигнат до Крушево. На почетокот на овој хуман подвиг ги испрати македонскиот амбасадор во Хрватска Миљаим Фетаи.

Годинава се навршуваат 14 години од смртта на Тоше Проески.