Билансот на жртви во вчерашниот руски ракетен напад врз трговски центар во Кременчук се искачи на 18, повредени се 60 лица, додека над 40 се водат како исчезнати, јавуваат светските агенции.

Францускиот претседател Емануел Макрон сподели видео на Твитер што е снимено по нападот.

„Ја споделуваме болката на семејствата на жртвите и гневот поради таквото злосторство. Рускиот народ мора да ја види вистината“, напиша Макрон.

Украина ја обвини Русија за нападот, велејќи дека се користени ракети воздух-земја Х-22 истрелани од бомбардери со долг дострел Ту-22.