Пукања од огнено оружје, силни експлозии, густ чад се сликите кои очевидците ги опишуваат од училиштето во Пакистан каде во страшен масакр повеќе од 100 луѓе се мртви од кои поголемиот дел деца.
– Пет до шест терористи влегле во јавното воено училиште. Притоа убиле 104 лица, од кои 84 деца, а има и голем број повредени. Се верува дека 500 ученици сè уште се во училиштето, јавува пакистанскиот портал „Dawn“.
Група вооружени лица утрово влегле во военото училиште во градот Пешевар во северозападен Пакистан и земале стотина ученици и професори како заложници.
Талибаните ја презеле одговорноста за нападот, велејќи дека станува збор за одмазда по нападите на пакистанската војска на нивните положби во племенските подрачја на северозападот на земјата.




