Американската вселенска агенција НАСА, деновиве информира дека на Сонцето се случувале моќни експлозии невообичаени за овој период. Експлозиите, пикот го имале на 30 март во 13.35 часот.

Информацијата НАСА ја поткрепи и со видео објавено на нејзиниот ФБ профил. Зраците наречени „ИКС“ што се резултат на експлозија на голема концентрација на топлинска енергија се со потенцијал привремено да ги прекинат дури и радиотелекомуникациските и сигналите за навигација.

НАСА е во постојано следење на Сонцето од орбитата преку мисијата наречена „Sun Science“.