Published: Thursday, January 15, 2015 10:45
Неколку насилници пред Грачаница го нападнаа конвојот и ги удираа автомобилите на српката делегација во Косово.
Српскиот Премиер рече дека е многу задоволен од посетата на Косово и дека бил убаво дочекан, а Албанците кои провоцирале треба да испраќаат пораки за мир, а не за кавги.
– Некои ми упатуваа навредливи зборови, го шутираа автомобилот очигледно мислејќи дека ногата е поцврста од автомобил, се надевам само дека не ги болат нозете, истакна Вучиќ.
Вучиќ исто така им порача на оние кои се обидуваа да го испровоцираат дека ќе им додели книга со која ќе се научат убаво да се однесуваат.




