Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Нема повредени во пожарот кој избувна на Градежен факултет

0
By Влатко Чаловски on November 9, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 9, 2017 12:02

Со 12 противпожарни возила и 26 пожарникари, локализиран е пожарот кој утрово беснееше на објектот на Градежниот факултет и Архитектонскиот факултет.

Причините за настанувањето на пожарот кој избувнал околу 9 часот утринава допрва ќе се утврдуваат, а на време биле евакуирани професорите и студентите и нема повредени.

Како што изјави командирот на Противпожарната бригада, Ѕвонко Томевски, тие повикот го добиле околу 9 часот и 10 минути и веднаш пристигнале на Градежниот факултет, каде по неколку минути обид за влез во дворот поради сообраќајниот метеж, влегле во дворот на објектот и интервенирале брзо за да спречат ширење на огнените јазици.

„Пожарот е пријавен меѓу 9 и 10 часот, се интервенираше со над 10 пожарни возила, бидејќи имаше опасност огнот да се прошири. Засега се утврдуваат причините, сите се евакуирани навремено. За среќа противпожарната единица не не наиде на никој во просториите каде што гореше“, изјави Томовски.

Зафатени биле три кабинети на Архитектура и два кабинети на Градежниот факултет, но поради интервенцијата најпрво на вработените а потоа и на пожарникарите, целосно се изгорени само два кабинети на Архитектонскиот факултет.

„Бев во мојата работна просторија и бев известен за пожарот од вработените во факултет. Приметив дека во еден од кабинетите дека излегува чад. Се јавив на секретарката и беше повикана противпожарна служба по што барав сите да бидат евакуирани. Дел од вработените се обидуваа да го изгаснат пожарот, но тој почна да зема размери со кои ние не можевме да се справиме. Материјалната штета ќе се надополни за среќа нема повредени“, изјави деканот на Градежен факултет, професорот Дарко Мословац.

Огнен Марина, деканот на Архитектонскиот факултет рече дека е задоволен за брзата реакција на вработените во Градежниот и Архитектонскиот факултет што довело до тоа да се евакуираат студентите кои биле во соседните простории.

„За жал се работи за стар објект, најстариот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. Ние пружиме максимални напори да го одржуваме објектот но одредени работи не можеме да го контролираме. Причините за пожарот допрва ќе се утврдуваат. Им благодарам на службите кои за жал имаа мал проблем набрзина да влезат во објектот, но со брза и кратка интервенција се обезбеди просторот“, рече Марина.

По денешниот пожар тој изрази надеж дека со градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, ректорот на УКИМ, Никола Јанкуловски и министерката за образование, Рената Дескоска, ќе најдат решение овие два факултета да бидат преместени во други, подобри простории.

Студентите пак, кои не сакаат да зборуваат пред камера, во разговор со новинарите рекоа дека настанала паника помеѓу нив кога виделе дека гори факултетот, но како што велат тие, за среќа никој не бил повреден по избувнувањето на пожарот.

„Влегов во дворот и имаше само чад, пламен никаде и отидов до сојуз да го оставам ранецот и истрчав да им кажам на колегите дека ни гори факултетот. Кога излегов надвор имаше веќе пламен кој многу брзо се ширеше. Пожарната не можеше на почетокот да влезе од коли на паркингот и  мораа да ја кршат рампата и да викаат пајак да ги соберат останатите коли. Страшно беше, но за среќа нема повредени“, раскажува студентка на Градежниот факултет.

Пожарот утрово, за кој се уште се утврдуваат причините, избил на вториот кат на зградата, по што набргу го зафатил и покривот.

Архитектонски факултет Градежен факултет пожар
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.