Published: Friday, November 10, 2017 11:00
https://www.youtube.com/watch?v=pRqLpVA6d0s
Новинар на италијанската телевизија РАИ е нападнат среде интервју од припадник на неофашистичкото и антимигрантското движење Казапаунд во Остија, во околината на Рим.
Новинарот Даниеле Пиервинченци разговарал со Роберто Спада, инаку брат на шефот на мафијата, во врска со победата на Казапаунд на изборите што се одржаа во неделата во Остија.
Неговиот соговорник, Спада, кој изрази поддршка за движењето, ненадејно го прекина разговорот и некоолку пати го удри новинарот во пределот на главата, а потоа почна да го следи со стап.
Благодарение на видеата кои ги направил камерманот од „РАИ“, напаѓачот е уапсен.
Казапаунд се огради од случајот со Спада и побара целосна истрага.




