Published: Sunday, November 13, 2016 18:14
Револтирани жители со довикување пцовки и навреди попладнево му приредија непријатен пречек на Али Ахмети во кумановската населба Черкези, објави Алсат-М.
Според медиумот, се работи за жители од Диво Насеље и блиски пријатели на Џемаил Реџепи алијас Командант Шкипоња, поранешен висок функционер на ДУИ кој беше убиен лани.
Ахмети во Куманово дојде на партиска средба, која и покрај инцидентот сепак се одржала во хотелот. ТВ21 јавува дека во текот на собирот на граѓаните, кои се обиделе да го спречат одржувањето на настанот на ДУИ, биле искршени и стакла на еден од партиските автомобили.




