Ноќеска во Ротердам избија нереди по поразот на Феенорд од Рома (0:1) во финалето на Конференциската лига на УЕФА во Тирана. Бројни навивачи го следеа натпреварот на стадионот „Де Куип“, а холандската полиција објави дека се приведени 72 навивачи. Инциденти имаше и во престолнината на Албанија. Холандските навивачи најпрво се судрија со албански фанови по што физичката пресметка се пренесе и на низ улиците на градот.

Главни учесници во нередите наводни биле навивачката група Fedayn, а со нив и членови на Gate 13, навивачка група на грчки Панатинаикос, но и дел од загрепски Bad Blue Boys, пријателска група на Gate 13. Покрај нив, во нередите учествувале и „неутрални“ домашни фанови. Албанската полиција наводно уапсила вкупно 60 лица.

Медиумите известуваат и за 19 повредени полицајци од кои двајца потешко.

Холандската полиција, пак, соопшти и за уништување на јавен имот во делови на Ротердам. Агенцијата АНП јавува дека навивачите фрлале петарди и димни бомби низ градот, а припадниците на полицијата го гаѓале со камења, со чаши и стаклени шишиња.

Полесно се повредени и две лица на Итната медицинска помош и оштетени се автобус и трамвај. Полицијата била принудена да употреби и водени топови за да ја растера топлата.