Во силното невреме што денеска ја погоди Москва загинаа 7 лица, додека 69 се повредени.
Сите настрадале во различни делови од градот, каде нбевремето отккорнало дрвја, носејќи се пред себе, а летале и покриви од згради, соопшти службата за вонредни ситуации.
-Невремето го погоди североисточниот, југозападниот и источниот дел на Москва, а дрвјата паѓаа врз луѓето. Петмина загинале на самото место од повредите, изјави за агенцијата РИА новости портпаролката на истражниот комитет Јулија Иванова.
Еден човек загинал кога врз него паднала автобуска постројка како последица на силниот ветар.
Над 40 луѓе побарале лекарска помош.
Илјадници стебла се паднати низ Москва, а градоначалникот соопшти дека службите ги преземаат неопхподните мерки за да ги отстранат последиците од бурата.




