Видео на кое е документиран нападот врз сатиричниот весник „Шарли Ебдо“ објави Франс 24. Од прилогот се гледа како новинарите бегаат по покривот од зградата во која се наоѓа редакцијата на медиумот и се кријат од рафалите на напаѓачите.
Според досегашните информации тројца напаѓачи со маски на лицата и со капи упаднале изутринава во париското седиште на весникот вооружени со калашникови. „Би-би-си“ јавува дека убиле 12 лица од кои двајца се полицајци, додека другите најверојатно новинари и членови на редакцијата на „Шарли Ебдо“.
Во моментов трае потргата по напаѓачите и се утврдува билансот на убиствениот упад.
„Шарло Ебдо“ е сатиричен француски неделник со лева идеологија. Весникот е илустриран и објавува карикатури и истражувачки стории особено околу екстремната десница, католицизмот, исламизмот, политиката или околу културата.




