Published: Sunday, November 15, 2015 12:02
Кратка снимка на која се слуша самиот почеток на пукањето во концертната сала „Батаклан“, се појави на „Јутјуб“.
Во првите мигови, членовите на бендот, кои ја прекинуваат свирката, но и публиката во првите редови, не знаат што се случува.
Според информациите 80 луѓе загинале при нападот во „Батаклан“.
престрелка пред салата
Координираните напади на 13 ноември погодија шест различни локации во францускиот главен град, концертната сала, стадион, ресторани и барови. Седум тешко вооружени напаѓачи кои носеа експлозивни појаси, беа убиени. Милитантите на групата на Исламската држава ја презедоа одговорноста за нападите, а францускиот претседател Франсоа Оланд воведе вонредна состојба.
Франција е во тридневна жалост.



