Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(Видео) „Охрид СОС“ до Дурловски: Вашата партија го уништи Охридско езеро

0
By Нова ТВ on June 30, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Доколку некој не е упатен во хронологијата на настаните поврзани со природното и културно наследство на Охридскиот Регион, веројатно ова обраќање на носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Дурловски би му звучело искрено, позитивно и би го убедило дека партијата навистина е загрижена за исклучителната универзална вредност која ни е дадена и призната. За жал, знаејќи што се случуваше особено изминативе години, не може да не ја забележиме иронијата во ова излагање.

„Одеднаш, партијата која го надгради и прошири Плаошник со огромни структури поставени врз археолошки наоди, планираше мегаломански хотелски комплекс во нечепната природа во Љубаништа – директна закана за светинаумските извори и мрестилиштата на пастрмка, медитерански плажи, скијачки центар на падини каде снегот и не се задржува, па за таа цел требашe да се гради вештачка акумулација во ливадите каде живеат само над 1.000 врсти пеперутки, експресен пат среде национален парк, луксузен комплекс во Студенчишко Блато, преку закон за легализација на дивоградби протурка и објекти на самиот брег на езерото и планираше огромни градби на потегот Грашница – Далјан, како резултат на што во 2017 година дојде Реактивна мисија на УНЕСКО, а последователно Охридскиот Регион беше препорачано да се стави на листата Светско наследство во опасност, сега одеднаш загрижена за УНЕСКО статусот, подготвена да работи на зачувување, дури тоа да биде нивен приоритет“, се наведува во Фејсбук постот на „Охрид СОС“.

Од таму јавно прашуваат кој е тој темелен пристап, наместо декларативен, што го споменува носителот на листата, со оглед дека во предизборната програма не видовме ништо конкретно и темелно поврзано со иднината на Охридскиот Регион? – Зошто претходните општински и владини состави на ДПМНЕ не направија „доследна имплементација на препораките на Реактивните мисии на УНЕСКО“? – Со што ќе нè убедите дека тоа ќе биде различно од она претходно?

https://www.facebook.com/IgorDurlovskiIE5/videos/1141840596189625/

„Охрид СОС“ смета дека нешто што не било карактеристично за претходните општински и владини состави на ДПМНЕ, а што доаѓа во облик на ветување во ова видео е дека „со Охрид ќе се управува демократски и преку дијалог со локалните заедници и сите засегнати страни, а во граѓанските организации кои во изминатиот период беа ревносни чувари на охридското богатство ќе гледаат како на конструктивен партнер во сите политики кои ќе се спроведуваат во Охридскиот Регион на централно и на локално ниво“

.Жителите на Охридскиот регион не забораваат и не простуваат, особено кога се работи за уништување на колективно добро што ни е дадено како нешто највредно. И претходно зборовите биле слатки, но делата горки. Децениското стампедо остави трајни последици, кои уште не можат да се поправат, а некои вредности се веројатно трајно изгубени, нагласуваат од „Охрид СОС“.

ВМРО-ДПМНЕ Игор Дурловски Избори 2020 Охрид СОС Охридско езеро
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.