Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВИДЕО: Осломеј повторно ќе го загадува веќе загадениот воздух

0
By Светлана Јовановска on November 3, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Осломејската термо-централа на јаглен повторно ќе почне со работа. И покрај сите предупредувања дека македонските централи на јаглен се најголемите загадувачи на воздухот не само во Македонија туку и во целиот регион, и покрај огромната загаденост на воздухот во Македонија особено преку зимата, ЕЛЕМ одлучи повторно да ја стави во употреба оваа централа. Без претходно да ја извести јавноста.

Македонија е потписник на Парискиот договор за клима со кој се обврзува да ја намали употребата на фосилни горива, до нивно конечно исфрлање од употреба и замена со обновливи извори на енергија со цел да се спречат натамошните катастрофални последици од климатските промени, реагираат од еколошката организација Еко-Свест.

Еко-Свест потсетува дека “и покрај преземените обврски со Парискиот договор Македонија планира и понатаму да користи домашен лигнит, кој освен што е со нискокалорична вредност, предизвикува и огромни штети по здравјето на луѓето и климата”.

Изјава на Невена Смилевска од Еко-Свест

Еко-Свест испрати соопштение во кое потсетува на нивната здравствена студија „Колку чини животот“ изработена во 2014 во која подвлекуваат дека “секоја година како резултат на загадувањето од термоелектраните во Битола и Осломеј од бронхитис заболуваат 60 деца”.

Освен тоа, Еко-свест и организацијата Фронт 21/42 веќе трета година спроведуваат кампања за „Градење партнерства за заштита на климата во Македонија“ која вклучува работа на усогласување на термоелектраните на лигнит (ТЕЦ Битола и Осломеј) со стандардите на ЕУ како и со новата Директива за индустриски емисии.

“Досега во неколку наврати сме побарале директно учество во донесувањето одлуки поврзани со термоелектраните на лигнит до Министерството за животна средина. За жал, и покрај нашето залагање за учество во донесување одлуки поврзани со термоелектраните на лигнит, не бевме директно информирани за овој процес”, со жалење констатира организцијата.

Изјава на Невена Смилевска од Еко-Свест

Еко-свест известува дека на 29 октомври била одржана јавна расправа за Студијата за оценка на влијанието на модернизацијата и рестартирањето на Т.Ц. Осломеј врз животната средина. За јавната расправа јавноста не била претходно известена,  соопштение нема на веб страната на АД Електрани на Македонија, ниту на веб страната на Министерството за животна средина и просторно планирање, а соопштение нема и на гласилата на засегнатата општина Кичево.

Еко-Свест укажува дека забележале “бројни прекршувања во постапките за информирање и учество на јавноста во носењето одлуки кои ги засегаат и испратен е допис до надлежните институции”.

За тоа време од ЕУ стасуваат други вести. Европската комисија денес најави дека вложува речиси 400 милиони евра во своите земји членки за енергетска транзиција за иднина во која повеќе нема да се користи јагленот.

Препораки од Европа за македонската влада од НВО Хил, Ан Стауфер

Ан Стауфер: 200 милиони евра годишно здравствени трошоци за Балканот

 

 

Еко-Свест Загадување РЕК Битола Т.Ц. Осломеј чиста енергија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.