Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Панчевски сам си ја руши дивоградбата во Центар

3
By Влатко Чаловски on November 2, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Кривичниот суд, Владимир Панчевски и неговото семејство, самоиницијативно денеска рушат дел од објектот во близина на градскиот плоштад во Скопје, за кој општина Центар предупредуваше дека е дивоградба.

Панчевски веќе се пожали на одлуката на Центар, но и покрај тоа што Второстепената комисија се уште нема одлучено по неговата жалба, претседателот на Кривичниот суд решил на своја иницијатива да руши.

– Се работи за самоиницијативна одлука на инвеститорите да го вратат објектот во првобитната состојба, изјави денеска пред новинарите адвокатот на семејството Панчевски, без притоа да одговори зошто се одлучиле за рушење пред да видат дали ќе им се прифати жалбата.

Раководителот на Секторот за инспекциски работи, Кочо Стојчески, кој беше на лице место на рушењето, вели, денешното постапување на Панчевски е доказ дека самиот знаел дека се работи за дивоградба на два нелегални ката, бидејќи семејството за овој објект има одобрение само за реконструкција и санација на фасадата на Никола Вапцаров бр. 6.

Рушењето во објектот доаѓа откако Општина Центар најави дека потпишува договор со фирма која треба да постапи по барањата на градежните инспектори.

Неодамна за инспекторката која донесе решение за рушење на два ката од спорниот објект на Владимир Панчевски, скопското обвинителство побара од судот да и се забрани да постапува по предметот.

Таа има доставено исказ пред надлежните, а одбраната по предлогот од обвинителството побара изземање на сите судии од скопскиот Кривичен суд по овој предмет, бидејќи предметот се однесува токму на претседателот на судот, Владимир Панчевски.

Адвокатот на инспектората, Филип Медарски рече дека е зачуден за тоа што таа се товари за злоупотреба на службена положба и овластување поради наводно непочитување на постапката за достава на документи.

Владимир Панчевски дивоградба Општина Центар
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.