Чешката полиција поведе истрага откако редарите и симпатизерите на чешкиот претседател Милош Земан ги нападнаа новинарите во изборниот штаб.
Тие синоќа со боксови ги напaднаа акредитираните новинари, скршија камера на чешката приватна телевизија ТВ Нова и ги навредуваа медиумските работници.
Нападот се случи во хотелот ТОП во Прага, каде што во изборниот штаб се славеше победата на претседателот Земан по вториот круг на изборите.
Новинарите сакаа да го снимаат доаѓањето на итната помош поради еден гостин на Земан, кој видно алкохолизиран падна со шишето пиво во рака.
Поради тоа реагираа од изборниот штаб, почнаа да ги туркаат новинарите за да ја затворат салата и да не снимаат.
Ve štábu Miloše Zemana. Podporovatel si dovolil i na mě #Volby2018 #PrezidentskeVolby2018 #seznamzpravy #televizeseznam pic.twitter.com/YHkgoqKZo7
— Pavlína Kosová (@pavlina_kosova) January 27, 2018
Еден од редарите ја фрли камерата на земја на приватната телевизија, а во тепањето се приклучи и еден од гостите на претседателот со иста жолта новинарска пропусница кој со боксови го нападна еден од новинарите.
На насилството не беа поштедени и новинарките.
Од кабинетот на претседателот се правдаат дека напаѓачите не се државното обезбедување на претседателот и ги повикаа новинарите на кафе како гест на извинување.
Ve štábu Miloše Zemana padají pěsti #Volby2018 #PrezidentskeVolby2018 #seznamzpravy #televizeseznam pic.twitter.com/Nk3f0q5bGn
— Pavlína Kosová (@pavlina_kosova) January 27, 2018
Претходно, претседателот Земан на прес конференција по победата, ги навреди новинарите нарекувајќи ги будали, дека се помалку интелигентни од обичните граѓани, а за новинарот од јавниот чешки сервис кажа дека имал глас како мутант.