Земјотрес со итензитет од 6,0 степени, според Рихтеровата сакала, денеска е регистриран во Јапонија, соопшти јапонската Национална метеоролошка служба.
Епицентарот на земјотресот е регистиран во местото Тиба, во близина на Токио, на длабочина од 50 километри.
Засега нема податоци за жртви или повредени лица.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=HFFpMNRjhug
Претходно, Јапонија за зафати големо невреме. Најмалку 38 лица загинаа, а уште десетици се водат како исчезнати по големите поплави и свлечишта кои ги зафатија западните делови на Јапонија.
Поголемиот дел од жртвите биле во регионот на Хирошима, кој од четвртокот е зафатен со поројни врнежи, во кој се оштетени стотици домови.
На околу 1,5 милиони луѓе им беше наредено да се евакуираат од своите домови, додека на дополнителни 3 милиони жители им се советува напуштање на домот.




