Почна работната средба на Германската канцеларка Ангела Меркел со лидерите од Западен Балкан во Тирана. Таа следува по заедничката прес конференција што Меркел ја имаше со домаќинот на собирот, албанскиот премиер Еди Рама.

На собирот присуствува македонска делегација предводена од премиерот Зоран Заев а во која се и вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи. Попладнево Заев, Димитров и Османи ќе имаат одвоена средба со Меркел.