Вчера полицијата го приведе А.К.(30) од Прилеп, со живеалиште во Скопје против кого се обезбедени докази дека е вмешан во продажба на дроги.

Имено, А.К. набавувал дрога, во својот дом во населба Драчево, ја препакувал во помали пакувања подготвени за понатамошна улична продажба по што лично ја продавал на уживателите на дрога на територијата на Скопје по единечна цена од 300 до 500 денари за пакување марихуана, односно по 2500 денари за пакување кокаин.

Вчера е извршен и претрес на неговиот при што се пронајдени предмети поврзани со кривичното дело. Денес ќе му биде поднесена кривична пријава.