Published: Saturday, December 3, 2016 17:24
https://www.youtube.com/watch?v=GJ00H-8AoR4
Најмалку девет луѓе загинаа, а 13 се исчезнати во пожар ноќта меѓу петокот и саботата во магацин во Окленд, Калифонија, пренесуват американските медиуми повикувајќи се на официјални претставници на противпожарната служба.
Агенцијата АФП објави дека деветмина загинале, а 15 се исчезнати.
Како што се наведува пожарот избувнал за време на домашна забава на која присуствувале 70 луѓе на концерт во дел од градот каде домовите немаат системи за алармирање и за прскање.
Не е позната причината за пожарот.




