https://www.youtube.com/watch?v=QNADfotOseU
Шестмина се уапсени под сомнение за негрижа во врска со пожарот, во турската провинција Адана во кој загинаа 12 лица во дом за ученици.
Меѓу уапсените е и управникот на домот. Официјални лица изјавија дека многумина починале бидејќи не можеле да го отворат помошниот излез во случај на опасност.
Меѓу загинатите 11 се девојчиња, а уште 22 се повредени. Настрадала и една жена вработена во домот.
Според првичните информации како причина за пожарот се наведува проблем со електриката, и дека пожаот брзо се ширел бидејќи целата внатрешност на домот била дрвена.
Градоначалникот на Адана Хусеин Созлу за телевизијата НТВ изјави дека од 12 загинати, 11 се девојчиња кои оделе во второ одделение, додека гувернерот Махмут Демитрас рече дека во домот имало вкупно 34 ученици, и дека некои се повредени во обидот да избегаат преку прозорец.




