Пожарот во близина на Пехчево се шири неконтролирано, информираат локалните жители на социјалните мрежи.
– Луѓе, пожарот во близина на Пехчево се шири неконтолирано на сите страни, помош, напиша на Фејсбук Марјан Пехчево.
На терен се пожарникарите, припадниците на Армијата, а во секој момент се очекува да пристигне и специјална ПП единица од Словенија.
Како што информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК) согласно состојбата со активни пожари до 13 часот, уште е активен пожарот во штипскиот регион, во атарот на селото Нов Истевник, кај маалото Пасјак.
До овој момент, опожарена се околу 750 ха борова шума и нискостеблести растенија. Екипите за гасење на пожар се на терен од раните утрински часови.