Американскиот претседател во заминување Барак Обама во својот проштален говор предупреди дека САД се соочуваат со тежок испит за својата демократија, а Американците ги повика да се борат за вредностите и да ја отфрлат дискриминацијата.
-Демократијата бара чувство на солидарност. Со сите наши разлики во овој свет сме заедно, Се воздигнуваме и паѓаме како еден, рече Обама, кој во текот на емотивниот говор неколкупати неколкупати ги избриша солзите.
Говорот го држеше пред 18.000 присутни во родниот град Чикаго, каде во 2008 година ја прослави победата на изборите.
Обама кој на функцијата претседател на САД мина два мандати, рече дека сега Америка е подобра и посилна отколку пред 8 години.
Тој говореше и за борбата прпотив тероризмот, истакнувајќи дека бил елиминирани илјадници терористи, меѓу кои и Осама Бин Ладен.
Тој ги повика граѓаните да бидат внимателни, но не и да се плашат.
Обама исто така порача дека ривалите како Русија или Кина не можат да се мерат со американското влијание во светот.
На негодуваето до публиката што Трамп ја презма власта, Обама кусо рече: Не, не, не“, додавајќи дека мирната транзиција на власта меѓу претседателите е заштитетн знак на американската демократија.
Сепак предупреди дека постојат работи кои и се закануваат на демократијата, меѓу кои расната дискриминација и економската нееднаквост.




