Едно лице е повредено во инцидент што се случил во регрутен центар во рускиот далечен исток. Вооружен маж со пиштол отворил оган во центар за воена регрутација во Иркутската област, при што е тешко ранет комесар за регрутирање, соопшти официјален претставник на локалните власти.

„Воениот комесар Александар Јелисеев е на реанимација и се наоѓа во многу тешка состојба. Напаѓачот веднаш е уапсен, ќе биде казнет“, ​​објави преку Телеграм гувернерот на Иркутската област, Игор Кобзев.

Тој рече дека вооружениот инцидент се случил во регрутниот центар во сибирскиот град Уст-Илимск.

На 21 септември рускиот претседател Владимир Путин најави делумна мобилизација во земјата со цел да се зголеми бројот војници за акцијата во Украина.