Рама на Бледскиот форум, во познатиот стил да се кажат работите низ доза на хумор.
Албанскиот премиер Еди Рама и на Меѓународниот состанок на Блед, со доза на хумор и сарказам ги претстави работите во поглед на проширувањето на Европската Унија. Овој пат Рама презентираше виц:
– Некој му пристапил на еден евро-оптимист и на евро-песимист, и го прашал евро-оптимистот што е неговиот поглед на проширувањето. Тој рекол, Турција ќе влезе во ЕУ кога со неа ќе претседава Северна Македонија или Албанија. И тогаш бил прашан евро-песимистот, кој одговорил: Да, двете ќе влезат во ЕУ кога со неа ќе претседава Турција, рече Рама.