Божиќна порака на еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Кристијано Роналдо. Португалецот уште еднаш ја покажа пред светот својата добра страна и ја упати до оние што се раселени, немаат покрив над глава и страдаат во деновите во кои многумина се собираат со најблиските за прослава на празниците. Конкретно ја посвети на децата во Сирија.
https://www.youtube.com/watch?v=XgABUmND1bc
„Ова е за децата од Сирија. Знаеме дека страдавте многу. Јас сум познат фудбалер, но вие се вистинските херои. Не губете надеж, светот е со вас, загрижени сме за вас. Јас сум со вас“, им порача ѕвездата на мадридски Реал и на репрезентацијата на Португалија во рамки на акцијата „Спасете ги децата“.