Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(Видео) Русковска: Факт е дека Јанева примила пари

0
By Нова ТВ on May 8, 2020 ПОЛИТИКА
архивска фотографија
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, May 8, 2020 16:34

Обвинението се темели на докази, и материјални и од сведочење, на поранешни колеги на Катица Јанева, така што апсолутно не е точно дека обвинението се темели само врз база на исказ на еден сведок, изјави јавната обвинителка Вилма Русковска по завршување на денешното рочиште за случајот „Рекет“.

Обвинителството, нагласи Русковска, со кое што моментално раководи, за ниту еден предмет нема да поднесе обвинение само врз база на исказ на еден сведок или оштетен.

„Предметите физички воопшто не се донесени во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Сите тие предмети сè уште се наоѓаат во просториите на поранешното СЈО и по истите постапуваат колегите кои и претходно постапувале по истите. Од време на време доаѓаат да ми реферираат за постапките и во која фаза се, но сакам јавноста да знае дека истите обвинители постапуваат по тие предмети“, изјави Русковска.

Во однос на тоа дека некои од истрагите се забавени, Русковска рече дека тоа не е така и посочи дека веќе три месеци се наоѓаме во фаза на пандемија.

„Нас судот, ако предметите и да се готови на пример, што не се, но да се готови било кој предмет кој не е притворски во судот, не ни го примаат обвинението дури не заврши пандемијата“, изјави Русковска.

Прашана дали докажале пред судот дека обвинетите примиле пари, Русковска кажа дека факт е оти Јанева примила пари.

https://www.facebook.com/359477174168894/videos/858459294565019

„Факт е дека поранешната колешка примила 50.000 евра од Бојан Јовановски, што апсолутно не е дозволиво за ниту еден обвинител. Воопшто не битно дали тие потекнуваат од брачната двојка Камчеви или од некое други лице. Главно, примила пари што не е дозволиво по закон“, изјави Русковска.

Вилма Русковска Катица Јанева Случај „Рекет“
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.