Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Се судрија два воени авиони над Рим, едниот падна на улица

0
By Соња Крамарска on March 7, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

 

Два воени авиони СИАИ стормо се судрија денес нешто по 12 часот во близина на Рим. Едниот од авионите паднал во поле кај гратчето Гвидонија, додека вториот се урнал на улица во истото гратче на периферијата на Рим. Двата пилоти загинале, јавува Кориере дела сера.

Областа на несреќата е оградена и спасувачите проверуваат дали во несреќата настрадале и други лица. Во тек е полицискиот увид. Италијанските медиуми јавуваат дека загинале потполковникот Даниеле Чипрано и мајорот Марко Менегело.

Според неофицијалните информации, четири летала полетале од воениот аеродром Гвидонија на тренажен лет над блиското село, а не е јасно како се нашле на небото над градот. Извршувале маневри кога два авиони се допреле и изгубиле контрола.

„Двата пилоти биле во тренажни авиони У-208 и учествуваа во мисија за вежбање. Авионот У-208 е лесен авион кој покрај пилотот може да превезува уште најмногу четири патници и да лета со брзина од најмногу 285 км/ч“, објави италијанската војска.

Другите двајца пилоти успешно слетале и ќе бидат испрашани во следните неколку часа.

„Во име на владата изразувам најдлабоко сочувство на семејствата, нивните колеги и целиот корпус на воздухопловните сили“, кажа италијанската премиерка Џорџа Мелони по несреќата.

 

Рим судир на воени авиони Џорџа Мелони
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.