https://www.youtube.com/watch?v=vE17KwztHs4
Во предградиетот на Истанбул Букчекмеџе утрово се урна хеликоптер во кој имало седум патници, при што петмина загинале, од кои четворица се руски државјани, соопшти телевизијата НТВ.
Според информациите од медиумите, хеликоптерот полетал од аеродромот Ататурк во 11 часот и 16 минути, а пет минути подоцна паднал, пренесува Хуриет.
Хеликоптерот од типот „Сикорки С 76“ удрил во ТВ кулата пред да падне на блискиот автопат, изјавил очевидец за телевизјата Си ен ен Турк. Приватната агенција Доган наведе дека се урнал противпожарен хелкоптер.
Од седуммината во хеликоптерот двајца биле пилоти. Меѓу патниците има раководители на компании и нивни странски гости. Наводно хеликоптерот паднал поради магла, пренесува Спутник.
Спутник објави дека меѓу загинатите се Александар Ванин, Игор Кочергин, Људмила Чурова и Елена Бадрага, како и Салим Озен, сите бизнисмени. И весникот Хуриет потврди дека меѓу загинатите е Салим Озен, директор на компанијата „Витра Русија“.
-Засега се пронајдени пет тела. Хеликоптерот паднал директно на автопатот, но за среќа во тој момент немало автомобили. Маглата била толку густа што буквално ништо не се гледаше, изјави градоначалникот Хасан Акгун за НТВ.




