Шест луѓе се убиени, а најмалку 48 повредени во терористичкиот инцидент во Лондон, при што полицијата ги уби тројцата напаѓачи.
Прво, на Лондонскиот мост околу 22.15 часот комби удри во пешаци, а потоа три лица излегле од возилото и почнале со ножеви да напаѓаат граѓани во Боро маркет кој е во близината.

Полицијата рече дека тројцата носеле лажни појаси за бомби. Тројцата напаѓачи се убиени.
Пемиерката Тереза Меј денеска ќе има состанок со специјалните сили.
Над 80 лекари излегле на помош на повредените, меѓу кои има и лица во критична состојба. Полицијата верува дека убиените тројца напаѓачи се единствените кои учествувале во нападот.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападите, но симпатизерите на Исламска држава ги поздравија на социјалните мрежи.
Ова е трет терористички напад во Велика Британија за три месеци, по нападот со кола и нож во Вестминстер во март во кој загинаа петмина, и бомбата во Манчестер пред помалку од две недели во кој загинаа 22 млади луѓе.