Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВИДЕО: Шеесет мртви во Ница, камион влетал во толпа

0
By Нова ТВ on July 15, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 15, 2016 01:01

Француските власти јавија дека има најмалку 60 мртви откако камион од 4 тони се забил во толпа луѓе во четвpтокот вечер околу 22.3о часот на славната улица на Ница, Променада на Англичаните. Насобраните луѓе го гледале огнометот по повод францускиот државен празник, јавија Нис Матен и други француски медиуми.

Првите информации од сведоците на лице место велат дека има повеќе жртви. Според И-Теле еден локален функционер изјавил дека има “триесетина мртви стотина ранети” додека според други медиуми можеби се и шеесетина.

Шоферот на камионот бил убиен од страна на полицијата.

На местото на настанот бил и новинар на агенцијата АФП кој видел бел камион кој со цела брзина удрил во толпата и создал панично бегање во центарот на Ница.

Новинарот ја опишува сцената како “тотален хаос”.

Променадата на Англичаните е едно на најтуристичките места на француската ривиера. “Шоферот на еден камион сведочи дека видел десетици мртви. Останете во своите домови”, им порача преку Твитер градоначалникот на Ница Кристијан Естрози. Префектурата на департманот Алп-Маритим рече дека можеби се работи за терористички напад и им советува на жителите да не излегуваат од домовите.

Се уште не е утврдено дали се работи за терористички напад или криминално дело. Властите се внимателни во тој поглед со оглед на терористичките напади во Франција во 2015 година.

Француските власти бараат од граѓаните да не шират непроверени вести на социјалните мрежи бидејќи тоа создава паника. Препораката е да се шират вести кои би можеле да бидат корисни за спасувачите или ранетите.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албанија ја укина едногодишната забрана на „Тик-ток“

February 5, 2026

Американската амбасада во Приштина: Одлуката за Српската листа го поткопува партнерството меѓу САД и Косово

February 3, 2026

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026
ФОКУС
February 8, 2026

НСПВ: Војници во влага, на перници стари со децении, со прибор стар 20 години и руинирани

ВЕСТИ February 8, 2026

Независниот синдикат на професионални војници, реагира поради појавата на шуга кај новопримените професионални војници во…

Нови руски напади во Украина

February 8, 2026

Милано: Протести против Олимписките игри – го нарушувале еко системот но и живото во градот станал прескап

February 7, 2026

МВР заплени нови 40 тони марихуана наводно поради неусоглесеност на количествата со лиценците  

February 7, 2026
ТИКЕР

Албанија ја укина едногодишната забрана на „Тик-ток“

February 5, 2026

Американската амбасада во Приштина: Одлуката за Српската листа го поткопува партнерството меѓу САД и Косово

February 3, 2026

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.