Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Шилегов: Дрисла повеќе не го труе Скопје, инвестиравме во здравјето на граѓаните!

0
By НОВА ТВ Balaban on October 27, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, October 27, 2021 12:39

Со набавката на стерилизаторот се стави крај на неодговорното и несовесно постапување со медицински отпад, односно несоодветната обработка на медицинскиот отпад, којшто потоа завршуваше на Дрисла како обичен отпад, што претставуваше потенцијална опасност за животната средина и за здравјето на луѓето, потенцираше Шилегов.

Денес говориме за Дрисла – депонијата која девет години беше симбол на криминалот на ВМРО-ДПМНЕ, најопасен загадувач на воздухот во Скопје и опасност по здравјето на граѓаните. Скопската депонија беше извор на загадување каде се гореше и складираше опасен отпад, а нејзината криминална продажба и управување го доведуваа здравјето на скопјани во ризик. Ова е минато благодарение на нашите напори ја вратиме Дрисла во владение на Град Скопје, со овие зборови градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов ја започна денешната прес конференција.

– Со тоа почнавме да инвестираме после девет години никакво вложување во депонијата, спречивме горење и складирање на опасен отпад, нешто што за ВМРО-ДПМНЕ претходно беше главен бизнис. Цели девет години, откако ВМРО-ДПМНЕ ја отуѓи Дрисла ништо не беше вложено, нагласи Шилегов.

– Девет години немаше ниту една инвестиција, а ние за година и пол успеавме да набавиме нов стерилизатор за третман на медицински отпад од познатата италијанска марка ЦИСА – иновативен систем целосно автоматизиран со висока технологија и квалитет. Со набавката на стерилизаторот се стави крај на неодговорното и несовесно постапување со медицински отпад, односно несоодветната обработка на медицинскиот отпад, којшто потоа завршуваше на Дрисла како обичен отпад, што претставуваше потенцијална опасност за животната средина и за здравјето на луѓето, потенцираше Шилегов.

– Системот за третман на медицински отпад е опремен со шредер што го намалува до 80% неговиот волумен, со сува вакуум пумпа што придонесува за заштеда на потрошувачката на вода и до 98%, како и со систем за заштеда на енергија кој истовремено обезбедува и еколошка безбедност и не дозволува  воздухот што го испушта стерилизаторот да ја загадува околината, додаде Шилегов.

– Градежните машини со кои располага и кои се во сопственост на претпријатието се комплетно сервисирани во сервисот на претпријатието и се повторно вратени во употреба. Старите и дотраени теренски возила се заменети со нови 3 теренски возила, неопходни за непречено движење по пристапните патишта до депонијата кои се тешко проодни со лесни моторни возила. По десет години комплетно се отворени и дренажните канали околу целата депонија, продолжи Шилегов.

– За редовно мерење на амбиенталниот воздух, набавена е нова мерна станица за амбиенталниот  воздух со автоматско ажурирање на податоците на една минута. Воведен е нов софтвер за дигитализација на деловните процеси и на процесите за третман на отпадот на депонијата согласно со европските стандарди. Поставен е нов систем за видеонадзор, со што целата површина на депонијата е комплетно покриена со камери, дополни Шилегов.

– Денес граѓаните на Скопје може да бидат спокојни дека Дрисла повеќе не го труе Скопје. Во Дрисла се работи законски, не согорува опасен увезен отпад како во времето на ВМРО-ДПМНЕ и со тоа здравјето на граѓаните повеќе не е во ризик, нагласи Шилегов.

– Дрисла во следниот период добива голема инвестиција со што го решаваме еден од најгорливите проблеми – дивите депонии од градежен шут кои за жал ги создаваат несовесните граѓани. Имено, Дрисла за прв пат ќе започне со третирање и преработка на интертен отпад – градежен шут. Така, наместо да се плаќа за депонирање на шутот кој сега ги мотивира некои да го исфрлаат на диво и да ја загадуваат природата, тоа ќе може да го прават бесплатно во депонијата кој ќе го преработува и од него ќе произведува градежни материјали, најави Шилегов.

– Дрисла беше симбол на корупцијата и криминалот на претходната власт, извор на загадување и опасност за скопјани. За само четири години ја претворивме во ефикасно претпријатие каде безбедно и одговорно се третира отпадот без да се загрозува животната средина. Претпријатие кое се развива и кое во следниот мандат ќе прерасне во модерен центар за третирање на отпад по светски стандарди со што ќе го решиме проблемот на дивите депонии во градот. На изборите во недела бираме дали сакаме овој развој и заштита на здравјето на граѓаните да продолжи или сакаме да ја вратиме Дрисла на управување на истите кои ја продадоа за криминални цели и свесно го труеја градот и скопјани, заклучи градоначалникот Шилегов на крајот од денешната прес конференција.

Петре Шилегов
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.